Иванишевиќ го победи коронавирусот

Од:

Поранешниот хрватски тенисер и тренер на најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ – Горан Иванишевиќ, објави дека се опоравил од коронавирусот.

– Победа во пет сета. После два негативни и два позитивни теста, дојде на ред мојот омилен – петтиот сет. А знаете дека секогаш сум бил непријатен во петтиот сет… Конечно негативен и конечно можам да бидам ослободен после три недели изолација, напиша Иванишевиќ на Инстаграм со објавената фотографија.

Легендарниот тенисер, кој беше директор на „Адрија тур“ во Задар, каде заболе од вирусот, им се заблагодари на лекарите за грижата.

– Задар, благодарам што бевте голем домаќин за мене еден месец, сега станавме уште поблиски на посебен начин. Се гледаме во некои подобри околности, но не толку наскоро. Пазете се луѓе, а на сите заразени да се опорават што е можно поскоро, рече Иванишевиќ.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ