Иван Газидис нов извршен директор на Милан

Од:

Италијанскиот гигант Милан денеска соопшти дека поранешниот директор на Арсенал, Иван Газидис, ќе биде нов извршен директор на „росонерите“.

Газидис, кој долги години беше одговорен за она што се случува со „топџиите“, ќе му се приклучи на Милан на 1 декември 2018 година.

Под раководство на Газидис, Арсенал три пати го освои ФА Купот и се квалификуваше осум пати во групната фаза од Лигата на шампионите. Неговата работа во клубот сериозно ги зголеми акциите на Арсенал на берзата, чија вредност се зголеми на над 400 милиони фунти.

Претседателот на Милан, Паоло Скарони ја изрази радоста од пристигнувањето на Газидис во клубот.

– Од стартувањето на нашиот проект за развојот на клубот, пронаоѓањето на извршен директор беше наш приоритет. На ова работевме со голема посветеност, со цел да го направиме најдобриот избор. Иван Газидис ќе му донесе на Милан компетентност и искуство во фудбалската индустрија, изјави Скарони.

Самиот Газидис изрази задоволство од можноста што се појави пред него.

– Ентузијастички сум расположен да го прифатам овој нов предизвик и ќе направам се што е во моја моќ да го одведам Милан повторно на врвот. Имам можност да сметам на талентирани фудбалери, на колеги кои работат посветено и на сериозни лидери како Леонардо, Малдини и Гатузо, изјави новиот директор на италијанскиот гигант.

Би можело да ве интересира

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

Ново засилување во Милан

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Голманот колабира пред мечот на гигантите, телевизискиот пренос прекинат

Предраг Петровиќ

Милан има нов напаѓач

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска