Историско достигнување на Меси во Ла Лига

Од:

Капитенот на Барселона, Лионел Меси, продолжува да испишува историја во Шпанското фудбалско првенство. Тој синоќа во натпреварот од 36. коло против Ваљадолид беше асистент при постигнувањето на единствениот гол од страна на Артуро Видал, со кој Каталонците дојдоа до победата.

За Меси ова беше 20. асистенција во тековната сезона на Ла Лига. Аргентинецот исто така има 22 гола и стана првиот играч во историјата на шампионатот на Шпанија, кој успеа да постигне најмалку 20 гола во една сезона и да направи најмалку 20 асистенции.

Претходно, вакво достигнување имаше поранешниот напаѓач на Арсенал, Тиери Анри во сезоната 2002/2003. Французинот имаше 24 голови и 20 асистенции во Премиер лигата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска