Интер со антирекорд како од времето на Гасперини

Од:

Почетокот на сезоната за Интер воопшто не е охрабрувачки, забележува „Тутоспорт“. За последните пет натпревари во текот на кампањата, тимот на Антонио Конте веќе прими 10 гола во својата мрежа.

„Нероазурите“ толку многу примија и летото 2011 година, кога ЏанПјеро Гасперини беше на чело на тимот. Тогаш Интер започна со серија од пет натпревари без победа со 10 погодоци во својата мрежа, поради што тренерот доби отказ.

Во моментов, тимот на Конте барем зема бодови, со две победи, две нерешени средби и само еден пораз од четири натпревари во Серија А – против Фиорентина (4: 3), Беневенто (5: 2), Лацио (1: 1) , Милан (1: 2), и еден во Лигата на шампионите – против Борусија (Менхенгладбах) (2: 2).

Како алиби, тренерот може да посочи неколкумина заразени со коронавирус во неговиот тим – Ашраф Хакими, Ешли Јанг, Роберто Гаљардини, Милан Скрињар и Јонуц Раду, на кои не може да смета.

Во следните десет дена клубот од Милано ќе се соочи со Џенова, Шахтјор (Доњецк), Парма и Реал Мадрид.

Инаку, по неубедливиот почеток на сезоната 2011/12 во прашање, Интер заврши на шестото место во Калчото.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска