Интер не успеа да се доближи до Јувентус

Од:

Екипата на Интер од Милано не успеа да ги искористи нерешените резултати на вчерашните дерби натпревари и да му се приближи на лидерот Јувентус. И Интер денеска на домашен терен одигра реми со Каљари па разликата со водечкиот Јувентус остана четири бода во корист за калчолигашот од Торино.

Резултати на денешните шест натпревари од 15.коло во Италијанското фудбалско првенство: Катанија – Киево 2:1, Интер – Каљари 2:2, Сиена – Пескара 1:0, Удинезе – Парма 2:2, Болоња – Палермо 3:0, Фиорентина – Аталанта 4:1.

На вчерашните дерби мечеви, Јувентус – Лацио 0:0 и Наполи – Милан 2:2.

Вечерва играат Сампдорија – Џенова (почеток 20:45 часот).

Последниот натпревар од ова коло Рома – Торино се игра утревечер од 20:45 часот по што ќе биде комплетиран овој круг во Серија А.

Табела: Јувентус 32 бод, Интер 28, Наполи 27, Фиорентина 27, Лацио 23, Катанија 19, Аталанта 18, Парма 17, Рома 17.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска