Интер „лапна“ 23,4 милиони евра од телевизиските права за освоената шампионска титула

Од:

Интер за освојувањето на шампионската титула во Италија од парите добиени од продажба на телевизиските права од натпреварите во Серија А ќе биде награден со 23,4 милиони евра, додека второпласираниот тим ќе добие четири милиони евра помалку, објавија денеска италијанските медиуми.

Серија А оваа сезона ќе им подели на клубовите вкупно 1,1 милијарда евра од продажбата на телевизиските права.

Половина од таа сума ќе биде распределена на еднакви износи и секоја од 20-те прволигашки екипи ќе добие по 27.5 милиони евра.

Дополнителни 20 отсто клубовите ќе добијат врз основа на навивачката база, а 30 проценти врз основа на постигнатите резултати (15 отсто врз основа на резултатите од тековната сезона и 15 отсто врз снова на резултатите од 1946 година до сезоната 2020/21).

На примерот на Интер тоа значи дека новиот италијански шампион заработил 27.5 милиони евра, како и останатите клубови, потоа 23,4 милиони евра за освоеното прво место, а ќе инкасира добивка и врз основа на навивачката база и постигнатите резултати почнувајќи од 1946 година.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

ВИДЕО: Фудбалер на Рома доживеа срцев удар, прекинат натпреварот со Удинезе

Катерина Ѓуровски

Тепачка меѓу навивачите на Рома и Лацио, полицијата употреби солзавец

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“