Иницијативата „5 до 12“ и школата Про баскет јуниор организираат Отворен ден за кошарка во Пештани

Од:

Oстанува уште една недела од алтернативното културно-забавно лето, организирано од страна на охридската Културолошка иницијатива „5 до 12“, кое се организира под мотото „Културата расте со младите“.

Богатата програма од 7 август до 7 септември е исполнета со голем број настани, сите со цел да ги поттикнат младите да придонесат за развој на културата во овој град, велат организаторите.

Во среда во 18 часот, во соработка со новоформираната кошаркарска школа „Про баскет јуниор“ од Охрид, на спортското игралиште пред Основното училиште „Св. Наум Охридски“ во Пештани ќе се одржи Отворен ден за кошарка.

На овој настан ќе може да присуствуваат сите љубители на кошарката. Сите заинтересирани момчиња и девојчиња ќе имаат можност да бидат дел од првиот тренинг на отворено на Про Баскет Јуниор. Ќе следуваат многу изненадувања за заинтересираните членови за упис во школата.

Настанот ќе продолжи со турнир во слободни фрлања и тројки, на кој ќе може да учествуваат сите заинтересирани. За победниците ќе следува симболична награда од организаторите Културолошка иницијатива „5 до 12“ и Кошаркарската школа „Про Баскет Јуниор“. Овој настан ќе се одржи согласно сите пропишани протоколи за одржување на спортски настани за превенција и заштита од ковидвирусот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка