Инфантино реизбран за шеф на ФИФА

Од:

Џани Инфантино беше реизбран за претседател на Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) за време на Конгресот во Париз како единствен кандидат. Во својот говор кон претставниците на различните федерации тој ја презеде одговорноста за тоа дека централата била „токсична и речиси криминална“, но веќе се вратила кон своите вредности.

Реизборот на Инфантино беше прифатен со бурни аплаузи од Конгресот, кој претходно во текот на денот усвои закон да нема гласање, ако за позицијата има само еден кандидат. Денешниот случај беше токму таков и по него 49-годишниот адвокат добива нов 4-годишен мандат за реализација на своите идеи. Инфантино е претседател на ФИФА од февруари 2016 година, кога го наследи Сеп Блатер по корупцискиот скандал.

– Веќе никој во ФИФА не зборува за криза, туку за полагање на нови основи од нула. Никој не зборува за скандали или за корупција, туку за фудбал. Можеме да кажеме спокојно дека ги оставивме зад нас овие приказни. Организацијата се претвори од токсична и речиси криминална во она што мора да биде – таква, која го развива фудбалот и е синоним за транспарентност и чест. Денес сè е отворено. Не е можно ФИФА да плаќа под масата или да врши несовесни активности со пари. Веќе нема место за корупција, изјави Инфантино во Париз.

Би можело да ве интересира

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

ФИФА ја отфрли жалбата на Марк Овермарс за суспензија од една година

Саудиска Арабија е домаќинот на Светското првенство во 2034 година

ФИФА отвори истрага против претседателот на шпанската ФА поради сексуалниот скандал на Светското првенство за жени

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

ФК Работнички на 29.Генерално собрание на ЕКА: Потпишан Меморандум за соработка со ФИФА