Инфантино: Постојат многу интересни предлози за промени во фудбалот

Од:

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино изјави дека биле добиени многу предлози за фудбалски реформи.

Тој спомена некои од нив, поддржувајќи ја можноста да се дискутира за нив на сите нивоа, но не поддржа ниту едно од нив.

Инфантино експлицитно истакна дека сите овие предлози влијаат на широк спектар на интереси и треба да се пристапи многу внимателно.

„Слушнав интересни предлози за широк спектар на прашања. Започнувајќи со плафонот за плати, ограничување на сумите за трансфер, други механизми за оданочување и завршувајќи со можен услов да се придонесе за резервниот фонд за случаи како што е пандемијата на коронавирус. ФИФА веќе работи во оваа област, иако се соочуваме со интересите на одредени луѓе. Овие проекти треба да се дискутираат на сите нивоа. Треба да разговараме за ваквите прашања додека поминуваме низ тежок период“, изјавил Инфантино за „Гардијан“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат