Инфантино: ФИФА не прифаќа Супер лига, клубовите ќе сносат последици

Од:

Проектот Супер лига е неприфатлив и клубовите кои изразија поддршка со свој потпис ќе сносат последици, најави денеска претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) Џани Инфантино.

– Нема ниту трошка сомнеж дека ФИФА го отфрла проектот Супер лига. Тие 12 клубови ќе мораат да сносат последици. Тие се дисиденти на постојните институции, рече Инфантино во видео обраќањето на конгресот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).

Инфантино потенцираше дека нема да има разбирање доколку некои од клубовите, кои стојат зад проектот, го сменат во меѓувреме ставот.

– Или си внатре, или си надвор. Не може да бидеш половина внатре, а половина надвор, истакна Инфантино, кој како и претседателот на УЕФА Александар Чеферин, се закани со исклучување од меѓународните натпреварувања на фудбалери, кои евентуално би настапувале во најавената Супер лига.

Би можело да ве интересира

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

ФИФА ја отфрли жалбата на Марк Овермарс за суспензија од една година

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана

Саудиска Арабија е домаќинот на Светското првенство во 2034 година

ФИФА отвори истрага против претседателот на шпанската ФА поради сексуалниот скандал на Светското првенство за жени

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени