Екипата на Индијана во мајсторката со Атланта од 1. коло на плеј офот во НБА лигата можно е да игра без еден од стартерите Пол Џорџ.
Причината за отсуството на Џорџ и на Расул Батлер е можната суспензија поради влегувањето во терен од клупата за време на натпреварот број 6 кога дојде до инцидент меѓу Џорџ Хил (Индијана) и Мајк Скот (Атланта). Скот и Хил поради тепачката добија технички грешки.
Иако Џорџ и Батлер не влегоа многу во теренот, останаа покрај клупата. И порано се случувало НБА лигата стриктно да ги почитува правилата.
Според правилата, доколку дојде до инцидент сите играчи кои не се во игра мораат да останат во близина на клупата. Сите кои ќе го прекршат правилото ќе бидат суспендирани, без плата и минимум еден натпревар, нема да играат и е предвидена парична казна до 50.000 долари.