Кошаркарите на Индијана ја постигнаа ноќеска посакуваната победа против Атланта и со 4-3 во добиени натпревари се пласираа во полуфиналето на Источната конференција во НБА лигата.
Индијана предводена од Пол Џорџ, кој постигна 30 поени и имаше 11 скокови славеше во мајсторката. Во редовите на Атланта, Македонецот Перо Антиќ имаше 4 скокови. Воедно ова беше последен натпревар сезонава за тимот на македонскиот кошаркар.
И на другите два натпревара ноќеска (мајсторки) победија домашните екипи и со 4-3 обезбедија меѓусебен дуел (Оклахома Сити – ЛА Клиперс) во полуфиналето на Западната конференција. Оклахома Сити го победи Мемфис со 120:109, а играчот на Оклахома Сити Расел Вестбрук имаше „трипл дабл“ – 27 поени, 10 скокови и 16 асистенции.
ЛА Клиперс во мајсторката славеше победа над Голден Стејт со 121:116.
Вечерва се играат последните два натпревара (мајсторки) од 1.коло од плеј офот: Торонто – Бруклин (3-3 во победи) и Сан Антонио – Далас (3-3).