Индијан Велс: Испадна Ферер, Рожер убедливо до победа

Од:

Големо изненадување во второто коло на Мастерсот во Индијан Велс, елиминиран четвртиот носител Давид Ферер. Шпанецот беше елиминиран во три сета од Јужноафриканецот Кевин Андерсон со 3:6, 6:4, 6:3. Дебакал доживеа и Фернандо Вердаско кој освои само еден гем против Ниеминен.

ferer-indijan

Испаднаа уште трин носители. Ветеранот Лејтон Хјуит се врати по првиот изгубен сет и го совлада Џон Иснер со резултат 7:6(6), 3:6, 4:6, Беноа Пер беше подобар од Филип Колшрајбер – 6:4, 6:2, а Михаил Јужни беше немоќен против Леонард Мајер – 2:6, 3:6.

Лесна задача имаше вториот носител Рожер Федерер кој го совлада Денис Истомин со 6:2, 6:3.

novak-indijan

Првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ го започнува настапот на Мастерсот во недела на полноќ.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ