Имобиле: Сè уште сонуваме за титулата во Италија

Од:

Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле изјави дека во римскиот гигант се уште сонуваат за титулата во Серија „А“. „Лацијалите“ се на второто место во пласманот во Калчото, веднаш зад шампионот Јувентус.

Италијанската Серија „А“ беше суспендирана на 8 март, откако Апенините беа сериозно погодени од пандемијата од коронавирус. Според Имобиле, ќе биде тешко за Лацио да го задржи моментумот што го стекна пред да запре шампионатот.

– Нашите амбиции остануваат исти. Очигледно, не размислувавме многу за фудбалот во последно време. Мораме да се подготвиме ментално. Имаме уште 12 дуели на кои треба да сонуваме. Тоа е како да започнете ново првенство. Ќе биде тешко, но ќе се обидеме да им ги вратиме насмевките на нашите навивачи, изјави стрелецот за „Скај Италија“.

Имобиле, исто така, имаше за цел рекордот на Гонзало Игуаин за сезоната 2015-16, кога Аргентинецот постигна 36 гола во кампањата во Серија „А“.

– Јас тренирам напорно затоа што сакам да го подобрам неговото достигнување. Би било одлично. Ќе видиме каква ќе биде состојбата по оваа пауза. Ќе дадам се од себе, додаде Чиро Имобиле, кој во моментов има 27 голови на 26 натпревари оваа сезона.

Би можело да ве интересира

Тепачка меѓу навивачите на Рома и Лацио, полицијата употреби солзавец

Маурицио Сари не е повеќе тренер на Лацио

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска