Имобиле по триумфот над Зенит се надева на пласман во плејофот на Лигата на шампионите

Од:

Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, по синоќешната победа над Зенит со 3:1 во Лигата на шампионите во Зенит, очекува неговиот тим да стигне до плејофот.

Имобиле кој беше двоен стрелец на овој меч рече дека игра со сета своја страст.

– Јас секогаш играм со сета страст. Сакав добро да ја завршам својата работа. Историјата на овој клуб ја напишаа многу играчи и многу вреди да бидам меѓу нив. Морам да им се заблагодарам на соиграчите, благодарение на чија игра имам доволно можности да се докажам и да постигнам погодок. Сега одиме во Дортмунд за да си обезбедиме поминување на групата, истакна Имобиле.

По четири кола во Ф-групата, води Борусија Дортмунд со 9 бода, Лацио има 8, Клуб Бриж 4, Зенит 1.

Во плејофот одат двете првопласирани екипи.

Би можело да ве интересира

Чех го оквалификува Атлетико како тежок противник за Челзи во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

Нагелсман ги сака Реал или Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите

Ана Ололовска

Англија и Шпанија со најмногу екипи во плејофот од евро-куповите

Ана Ололовска

Барнс за романскиот судија: Како требаше да каже за тренерот освен црниот? Нема расизам во ова!

Ана Ололовска

Куман: Барселона загуби од Јуве во првиот половина час, изгледаше дека излеговме да играме за реми

Ана Ололовска

Солскјер: Не заслужуваме да се пласираме во плејофот во Лигата на шампионите

Ана Ололовска