Илина Арсова по Монт Еверст ќе ги освојува сите врвови над 8.000 метри

Од:

Десет минути на покривот на светот ја запишаа Илина Арсова во историјата на планинарството во Македонија. По Димитар Илиевски во 1989 година, Глигор Делев во 2007, Сашко Кедев во 2009 и Здравко Дејановиќ во 2010 година, таа е петтиот македонски планинар и прва Македонка која се искачи на Монт Еверест.

– Бев два месеца на планина од кој месец и половина на над 5.000 метри надморска висина кои не се баш нормални услови за живот на кој ние  сме навикнати, особено кога доаѓаме од подрачје што не е алпско или хималајско, телото функционира поразлично а и условите се ограничени, рече Арсова на денешната прес конференција по повод нејзиниот подвиг.

Искачувањето на врвот, рече таа, е само последните 20 часа, а пешачењето бара голема психофизичка подготвеност.

– Што и да се случи таму е опасно бидејќи си оддалечен на 4-5 дена од првото безбедно место. На врвот се задржавме 10 минути а стигнавме во 3 часот наутро, вели Арсова.

Најави повеќе нови проекти како искачување на седум највисоки врвови од седум континенти, но и искачување на сите врвови над 8.000 метри,  и предизвикот да се искачи на таков врв без кислород.

Арсова е првата жена од Македонија која минатата година се искачи на Матерхорн (4.587 метри), а во досегашната кариера се искачи и на врвовите Ама Даблам (6.856 метри) и Аконкагва (6.963 метри), што во моментов е највисок дострел од страна на Македонка кога е во прашање високогорското планинарење.

Успехот на Илина Арсова денеска и го честитаа претставници на Агенцијата за млади и спорт и на Федерацијата за планинарски спортови.

Би можело да ве интересира

Двајца тетовски алпинисти го освоија Арарат, највисокиот врв во Турција

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Арсова: Достигнав животна цел и ја направив горда нацијата

Искра Манојлоска

Илина Арсова е прва Македонка што ги искачи сите седум највисоки врвови на сите седум континенти

Татјана Ташкова

Александар Кирковски успешно се искачи на алпскиот врв Вајсхорн

Првата црна жена Африканка што го освоила Монт Еверест

Ана Ололовска

Јубилеј – 30 години од освојувањето на Монт Еверест од првиот Македонец, Димитар Илиевски Мурато

Ана Ололовска