Илчо Ѓорѓиоски избран за претседател на Фудбалската федерација на Македонија

Од:

Илчо Ѓорѓиоски е новиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Единствената кандидатура на Ѓорѓоски со акламација беше одобрена од 110-те делегати присутни на денешното вонредно Генерално собрание на ФФМ што се одржа во Охрид.

„Македонскиот фудбал има иднина. Оваа укажана доверба за мене претставува огромна обврска пред целата македонска, а пред се фудбалската јавност. Ветувам 24 часа посветеност во работата, транспарентност и дисциплина што ќе ја барам од сите“, рече новиот претседател на ФФМ, кој беше избран едногласно.

На Собранието едногласно беше усвоен и Предлог-статутот на ФФМ, изготвен од работна група на ФИФА, УЕФА и ФФМ, чие усвојување беше предуслов за избегнување суспензија на Федерацијата од Европската и Светската фудбалска асоцијација.

Претходно на Собранието беа верификувани мандатите на 15 нови членови на Федерацијата. Членови од општинските фудбалски сојузи од Битола и од Гевгелија притоа изнесоа забелешки на начинот на кој им биле одземени мандатите на одредени членови во ФФМ, како што беше речено, спротивно на одредбите од важечкиот статут на Федерацијата.

На чело на Фудбалската федерација на Македонија изминатите десет години беше Харалампие Хаџи-Ристески, кој на 17. овој месец поднесе неотповиклива писмена оставка на функцијата. Оставката беше верификувана од делегатите на денешното собрание, заедно со оставката на Управниот одбор на ФФМ.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ