Икарди не тренира, зборува само со Спалети

Од:

Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди не учествувал на последната тренинг-сесија на тимот поради проблеми со десното колено.

Официјалните информации од италијанскиот клуб се дека аргентинскиот фудбалер се подложил на физиотерапија.

Икарди одржал разговор со тренерот на Интер. Лучано Спалети, но не се сретнал со шефовите на клубот и покрај очекувањата.

Аргентинецот има несогласувања околу обновувањето на договорот со Интер откако неговата сопруга и агент Ванда Нара јавно се пожали на недостатокот на поддршка од „неразурите“.

Аргентинецот, чиј договор со Интер истекува летото 2021 година, го загуби својот статус на капитен.

Икарди одби да патува со Интер за посетата на Рапид Виена од Лигата Европа.

Тренерот на Интер, Лучано Спалети рече дека одземањето на капитенската лента е тешка одлука, но е неопходно за „доброто на тимот“.

 

Би можело да ве интересира

Тепачка меѓу навивачите на Рома и Лацио, полицијата употреби солзавец

Интер доби согласност од Павар, се чека Баерн

Словачкиот фудбалер ке го облече дресот на клубот од Париз

Италијанскиот фудбалски репрезентативец Давиде Фратези е нoв играч на Интер

ВИДЕО: Општа тепачка по дербито на Јувентус и Интер

Предраг Петровиќ

Интер 10 пат по ред ќе има свој претставник во финалето на СП