Икарди категоричен за неговата иднина

Од:

Напаѓачот Мауро Икарди е категоричен за својата иднина и вели дека нема да преминува од Интер во Јувентус, каква информации прошири авторитетното издание „Газета дело Спорт“.

– Гледајќи ги материјалите во весниците за мене, кои не одговараат на моите планови, сакам да кажам на нашите фанови дека веќе неколку пати сум ја изјавил пред раководството мојата желба да останам во Интер, напиша Икарди во Инстаграм.

Затоа, според него, не може да има недоразбирања во однос на неговата иднина.

– Разбирам дека медиумите имаат интерес од тоа да ги продаваат измислените вести, но јас не можам да направам ништо повеќе од тоа, освен лично да ги демантирам. Повторувам: веќе го информирав Интер за мојата желба да останам во клубот, бидејќи Интер е моето семејство. Времето ќе покаже кој е во право. Форца Интер!“, додаде аргентинскиот стрелец.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска