Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин имаше лоша вечер во дресот на Јувентус на гостувањето кај Барселона во Лигата на шампионите.
Италијанскиот првак загуби со 3:0, а Игуаин нема постигнато погодок на „Камп Ноу“ и по 12-от одигран натпревар во дресот на Реал и на Јувентус. Аргентинецот беше сменет во 87.минута, а на излегување од теренот, разочаран од слабата партија, покажа среден прст кон публиката, гест поради кој најверојатно ќе биде санкциониран од УЕФА.
На 21 дуел против Барселона, Игуаин само три пати се запишал во листата на стрелците, сите на „Сантијаго Бернабеу“ настапувајќи за Реал Мадрид.