Играчите на Челзи се против Маурицио Сари

Од:

Во Челзи и понатаму има тензична атмосфера, иако веќе поминаа неколку дена од поразот од Манчестер Сити со 0:6 во Премиер лигата, а тимот запиша и победа од 2: 1 во првиот меч од шеснаесетфиналето од ЛЕ против Малме.

Според извештаите на британските медиуми, играчите силно се противат на Маурицио Сари и неговите методи на работа.

„Сините“ не ги разбираат целосно барањата на нивниот менаџер. И проблемот не доаѓа од комуникацијата, туку од манијата на Италијанецот за тактичката строгост. Играчите се преоптоварени со информации и не успеваат да ги применат сите концепти на теренот. Ова влијае на нивните перформанси.

Педро Родригез призна дека не може секогаш да ги разбере барањата на Сари за него.

Поранешниот фудбалер на Барселона објави дека не секогаш барањата се совпаѓаат со неговиот начин на игра.

Според Педро, таков проблем постои меѓу многу играчи и Маурицио Сари.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Вулверхемптон го победија Челзи во 18. коло од англиската Премиер лига

Санчез ќе мора да паузира одреден период поради повреда

Челзи се договори за нов спонзор: „Сините“ ќе заработуваат 40 милиони по сезона

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ

Челзи го претстави новото засилување

Предраг Петровиќ

Канте наскоро се враќа во Челси, ќе добие и продолжување на договорот