Ибрахимовиќ може да пропушти 3-4 недели поради повреда

Од:

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ се повреди на натпреварот од 8. коло во Серија А против Наполи (3:1). Утринските тестови откриле повреда на левиот колк кај шведскиот фудбалер. Според првичните процени, фудбалерот ќе пропушти 3 до 4 недели, пренесува „Скај Спорт“.

Точното време на закрепнување на 39-годишниот Швеѓанец ќе стане познато по деталните медицински прегледи.

Оваа сезона, Ибрахимовиќ има одиграно шест натпревари во Серија А, на кои постигна 10 погодоци и неговото отсуство ќе биде голем хендикеп за „росонерите“.

Би можело да ве интересира

Ибрахимовиќ: Донарума е најдобар голман на светот

Ана Ололовска

Пиоли: Милан секогаш верува во својата сила

Ана Ололовска

Конте: Интер нема да купува играчи во зимскиот трансфер рок

Ана Ололовска

Чалханоглу нема да го продолжи договорот со Милан

Ана Ололовска

Пирло: Немаме проблем да го играме натпреварот со Наполи

Ана Ололовска

Јувентус загуби со три голови разлика во Серија А за прв пат од 2011 година

Ана Ололовска