Ибра за „Златната топка“: Сега знаеме дека Перез се натпреваруваше со Меси, а не Роналдо

Од:

Златан Ибрахимовиќ е познат по тоа што често јавно ги изнесува своите непопуларни и контроверзни ставови, и неодамна направи нешто слично, кога беше запрашан што мисли за тоа дека Лука Модриќ ја освои „Златната топка“ пред Кристијано Роналдо.

Потсетуваме, Модриќ ја освои најпрестижната индивидуална награда во фудбалот минатиот понеделник, а Роналдо заврши втор. Така хрватскиот играч од средниот ред ја прекина десетгодишнаната доминација, во која „Златната топка“ ја освојуваа само Лионел Меси и споменатиот Португалец.

Сепак, не сите беа среќни од изборот, а еден од нив беше и Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот беше прашан што мисли за целата ситуација, а неговиот одговор изненади многумина.

– Сега знаеме дека Перез беше оној кој се натпреваруваше со Меси за „Златната топка“, не Роналдо, сподели Ибрахимовиќ, откако јасно посочи дека Роналдо и Модриќ ја освоиле наградата, бидејќи зад себе го имале Флорентино Перез и силното лоби на Реал Мадрид.

Кристијано Роналдо освои четири од неговите пет награди како играч на Реал Мадрид, а Модриќ го направи тоа во дресот на истиот тим. Ова беше доволно очигледно за Ибрахимовиќ да извлече таков заклучок.

Би можело да ве интересира

Модриќ повеќе не е резерва, повторно е во првите 11 на Реал

Предраг Петровиќ

Новитети во доделувањето на „Златната топка“

Модриќ и Крос не се задоволни од ситуацијата во Реал Мадрид

Фудбалерите на Реал почнаа со подготовки, познато кога Лука Модриќ ќе им се приклучи на соиграчите

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ и купи црква на мајка му за 9,24 милиони евра, станови на брат му и татко му

Предраг Петровиќ

Повторно е покренато обвинение во Хрватска за Лука Модриќ

Предраг Петровиќ