И „Вимблдон“ може да се одложи поради пандемијата

Од:

Спроведувањето на Вимблдон зависи целосно од тоа како ќе се развие пандемијата од коронавирусот. Организаторите не можат да гарантираат дека сигурно ќе се одигра турнирот на „светата трева“, стана јасно од нивната последна порака.

– Следејќи ги препораките на надлежните да се работи од дома, за оние што е можно, ги затворивме музејот и продавниците на Вимблдон. Надворешните простории на „Ол Ингланд клубот“ и на „голф клубот“ остануваат отворени за членовите. Во овој момент, планираме да се одржат турнирите на трева. Се потрудивме максимално многу од нашите работници да си ја вршат работата од дома, се вели во официјалното соопштение.

Ова доаѓа откако Ролан Гарос може да се одржи од 20 септември до 4 октомври оваа година, официјално објавија организаторите на натпреварувањето.

Во својата историја турнирот е откажан 10 пати – станува збор за периоди околу Првата и Втората светска војна. За споредба, Ролан Гарос досега е одложен шест пати.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ