И ФФМ ја осуди Суперлигата заедно со сите 55 федерации-членки на УЕФА

Од:

Претставници на сите 55 национални фудбалски федерации членки на УЕФА, меѓу кои и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изгласаа денеска заедничка декларација во која се осудува прогласувањето на т.н Супер лига.

Учениците на 45. конгрес на европскот фудбалско тело изразија единство во оценката дека затворената Супер лига е во спротивност со концептот на тоа што Европа мора биде: обединета, отворена, принципиелна и со поддршка за спортските вредности.

-УЕФА и нејзините членки веруваат во вистинскиот европски модел кој се темели на натпреварувања од отворен тип, солидарност и прераспределба, со цел да се обезбеди одржливост и развој на фудбалот во корист на сите, како и поттикнување на европските вредности, порача УЕФА во заедничката декларација.

– Клубовите, кои застанаа на другата страна, очигледно ги затворија очите пред фактот дека статусот кој денес го уживаат не е плод на изолиран случај, туку дел од динамичен европски систем на вредности во кој врз нечии успеси или неуспеси подеднакво влијаат малите, средните и малите клубови. Нивната претпоставка дека имаат право да се „одвојат“ и да присвојат наследство кое се градело со заеднички сили е навреда за европските вредности и спортските заслуги, се наведува во декларацијата на УЕФА.

Би можело да ве интересира

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија

Шкупи и Шкендија нема да го доиграат натпреварот, одлуки ќе носи ФФМ

Катерина Ѓуровски

Обвинителството над две години истражува за сметководителката која со допишување нули извлекувала пари од ФФМ

Стартот на Втората фудбалска лига одложен за седум дена