И Федерер најави пензија по „Вимблдон“

Од:

Роџер Федерер откри дека би сакал да ја заврши кариерата на „Вимблдон“, каде што тој ја освои првата од 20-те Гренд слем титули. Актуелниот двократен шампион на Австралија Опен изјави дека не сака „крај од бајките“ на својата кариера, туку да го напушти теренот во добра здравствена состојба.

– Има многу места кои се посебни за мене, за среќа. Но да, ако треба да одберам, „Вимблдон“ ќе биде идеално место за да ја завршам својата кариера. Не мислам да се откажам, ако освојам Гренд слем титула на некое определено место, вели Швајцарецот за Си-Ен-Ен.

Федерер, кој е професионалец од 1998 година, освои 99 титули. Се очекува тој да не сопре со тенисот до Олимпијадата во Токио во 2020, каде што ќе се обиде да додаде златен медал кон триумфот во парови во Пекинг во 2008.

– Мислам дека медиумите очекуваат да ја завршам кариерата со голема титула, а јас одамна не сакам да завршам на тој начин. Додека сум здрав и уживам во својата игра, знам дека ќе биде емоционално. Ова треба да биде среќен ден, кој правилно ќе се прослави, а не сите да бидат тажни, како да е погреб, рече Федерер.

Тој ја започнува одбраната на титулата на Австралија Опен со дуел во првиот круг против узбекистанецот Денис Истомин, кој во 2017 година го победи изненадувачки во вториот круг тогашниот шампион и актуелен број 1 во светот – Новак Ѓоковиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Федерер откри против кој тенисер имал најмногу проблеми

Предраг Петровиќ

Не ја препознаа: Драстична промена на Мирка Федерер

Предраг Петровиќ

Таткото на Федерер: Новак ни предизвика поголема болка од Рафа

„Врската“ меѓу Федерер и Новак влезе во нова фаза: По 12 години, Роџер го заследи Ѓоковиќ на социјалните мрежи

А1он

(ВИДЕО) Големиот Федерер се збогуваше: Емотивно, но во голем стил замина од тенисот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Инцидент во Лондон: Навивач истрча на теренот и се запали пред Ѓоковиќ, Надал и Федерер

А1он