Хумелс го напушта Баерн

Од:

Баерн Минхен се подготвува да го продаде Матс Хумелс, откако задната линија ја засилија со Хернандез и Павардо, пишуваат германските медиуми.

Хумелс е во Минхен од 2016 година и досега одиграл над 100 натпревари, но тренерот на Баварците, Нико Ковач не е задоволен од тоа што играчот го покажа минатата сезона, па за истиот е предложен трансфер.

Истите извори веќе јавно наведуваат дека германскиот репрезентативец планира да се врати во Борусија Дортмунд, односно неговиот претходен клуб каде играл во периодот од 2009 до 2016 година, кога одлучи да премине кај Баварците.

Наводно, централниот бек е во преговори со Борусија, а за негово враќање во Вестфален, клубот на „милионерите“, ќе треба да плати обесштетување од околу 30 милиони евра. Инаку, минатата сезона Хумелс одигра 33 натпревари за Баерн, постигнувајќи два гола.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска