Хрватска поведе во финалето на „Дејвис купот“

Од:

Борна Чориќ донесе предност на Хрватска против бранителот на титулата Франција во финалето на „Дејвис купот“, кое се одржува на земјени терени во францускиот град Лил. Чориќ го победи Џереми Шарди со 6:2, 7:5, 6:4 во 2 часа и 19 минути игра.

Хрватот го започна мечот со два брејка, водеше со 4:0 и без проблем го зеде првиот сет.

Во вториот дел Чориќ го освои сервисот на противникот во 11-тиот гем, а во третиот сет направи брејк за 2:1, што се покажа доволно за крајниот успех.

Дваесет и две-годишниот Хрват за кратко го напушти теренот на крајот на натпреварот за да добие третман за мала повреда.

Вториот сингл е помеѓу Жо-Вилфред Цонга и Марин Чилиќ.

Би можело да ве интересира

Дејвис куп репрезентацијата не успеа да опстане во третата европска група

Ана Ололовска

Тениската репрезентација на Северна Македонија денес против Летонија во Дејвис купот

Ана Ололовска

Почна Дејвис Купот во Атина

Ана Ололовска

Почнува Дејвис купот во Атина, Естонија прв наш противник

Ана Ололовска

Познати сите финалисти за новиот формат на „Дејвис купот“

Ана Ололовска

Хрватска го освои Дејвис купот

Ана Ололовска