Хрватска поведе во финалето на Дејвис купот против Аргентина со 2:1

Од:

Тениската репрезентација на Хрватска поведе со 2:1 против Аргентина во финалето на Дејвис купот, откако денешниот меч во игра на двојки успеа да го добие со 3-0 во сетови.

Хрватската комбинација Марин Чилиќ и Иван Додиг ги победија Хуан Мартин Дел Потро и Леандро Маер.

Првите два сета хрватските тенисери ги добија во тај брек: првиот со 7:2 на поени, вториот со 7:4. Во третиот сет беше 6:3 во гемови за Хрватска.

Утре се играат решавачките мечеви во поединечна конкуренција. Прв на теренот ќе излезе Чилиќ против Дел Потро, а ако биде потребно ќе се игра и мечот Иво Карловиќ – Федерико Делбонис.

На Хрватска и е потребна една победа за триумф, додека за Аргентина да го освои Дејвис купот мора да ги добие двата утрешни меча.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен