Третото место на Европското ракометно првенство што се одржува во Полска, го освои репрезентацијата на Хрватска која попладнево во малото финале ја совлада Норвешка со 31:24.
Хрватите на полувреме имаа четири голови разлика (15:11), Норвешка во средината на вториот дел дојде до минус еден гол, но потоа победникот беше решен со серија од 6-0 за „коцкестите“.
Со оваа победа Хрватска си обезбеди директно учество на Светското првенство 2017 во Франција, а Норвешка ќе игра бараж со Словенија.
Последниот меч на евро-шампионатот ќе почне во 17 часот и 30 минути кога за трофејот ќе се борат Германија и Шпанија.