Холандскиот голман Цилесен позитивен на коронавирус

Од:

Голманот на Холандија, Јаспер Цилесен, е позитивен на коронавирус и нема да патува со националниот тим во тренинг базата во Португалија пред Европското првенство на кое на 21 јуни во Амстердам ги очекува дуелот со македонската репрезентација.

Чуварот на мрежата на шпанскиот прволигаш Валенсија нема симптоми на болеста, а лекарскиот тим на холандскиот состав внимателно ја следи неговата здравствена состојба

Холандската фудбалската федерација соопшти дека Цилесен ќе и се приклучи на репрезентацијата веднаш штом ќе добие дозвола од лекарите.

Пред дуелот со македонскиот состав, Холандија на претсојното Еуро2020 ќе игра против Украина, на 13 јуни, и Австрија четири денови подоцна. Сите три натпревари во рамки на групата Ц Холандија ќе ги игра на домашен терен во Амстердам.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат