Холандија: Уапсени напаѓачите врз фудбалскиот судија кој почина од повредите

Од:

Тројца холандски тинејџери се уапсени и против нив ќе биде покретана постапка заради фатален напад врз судија на младински фудбалски натпревар.

Ричард Нојвенхуизен (41) беше линиски судија за време на натпревар меѓу својот клуб Бујтенбојс во Алмере блилзу Амтердам, кога беше нападнат во неделата и се здоби со тешки повреди. Почина синоќа во болница, јавија холандски медиуми.

Неговиот син играл за клубот Бујтенбојс во момент кога се случил инцидентот.

Тројцата тинејџери, фудбалери на противничкиот тим Ниеув Слотен, на возраст од 15 до 16 години се уапсени синоќа, соопшти денеска полицијата.

Сведоци велат дека момчињата биле безадоволни од досуден офсајд и поради тоа го нападнале судијата.

Клубот соопшти дека момчињата биле избркани од тимот кој исто така се повлекува од понатамошни натпревари.

Фудбалскиот клуб неодамна добил предупредување од фудбалската асоцијација заради насилсничко однесување кон судии на натпревари.

– Ова е втор смртен случај оваа година во Амстердам поврзан со насилства во фудбалот, изјави Ерик ван ден Бург, комесар за спорт во Амстердам за Холандското радио. Претходно оваа година, 77-годишен навивач почина од удари на 32-годишен фудбалер.

Ван ден Бург повика сите клубови од Амстердам да ги откажат натпреварите за време на викендот.

Претседателот на ФИФА Сеп Блатер во соопштение иазрази „жалење и загриженост“ заради смртта на Нојвенхуизен.

– Фудбалот е огледало на општеството и тажно е што ги има сите потешкотии што го погодуваат општеството, во овој случај насилство кое се манифестира во играта, вели тој.

Насилствата во холандскиот фудбал се зголемуваат – регистрирани се 873 инциденти во минатата година. Најагресивни на возраст од 15 и 16 години се младите навивачи во Амстердам, Ротердам и Утрехт, се вели во студија на Холандската фудбалска асоцијација.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи