Репрезентацијата на Холандија избори четвртфинале на женскиот ракометен Мундијал во Германија, откако синоќа по десетминтно прдолжение ја совлада Јапонија со 26:24.
Основните 60 минути завршија нерешено 20:20.
Противник на Холанѓанките во следната фаза ќе им биде селекцијата на Норвешка која успеа да триумфира против Шпанија на вториот синоќешен дуел од осминафиналето со убедливи 31:23.
Во четвртфиналето денес играат: Шведска – Данска (17:30 часот) и Франција – Црна Гора (20:45).
Утре на програмата се дуелите Чешка – Холандија (17:30) и Норвешка – Русија (20:30).