Холандија ја совлада Австрија, стана третата репрезентација што се пласира во осминафиналето

Од:

Во натпреварот од второто коло од групната фаза на ЕВРО 2020, репрезентацијата на Холандија вечерва во Амстердам ја совлада селекцијата на Австрија со 2:0.

Во 11. минута Мемфис Депај го отвори резултатот од пенал, Дензел Дамфрис во 67. минута ги постави конечните 2:0.

Холанѓаните имаат шест бода и водат во групата Ц. Тие веќе обезбедија пласман во осминафиналето. Австријците имаат три бода и се трети. Украина, која е втора, има исто така три бода, додека македонската репрезентација е на последното место без освоен бод.

Претходно, место помеѓу 16 најдобри селекции обезбедија уште Белгија и Италија.

Би можело да ве интересира

Саутгејт: Англија треба да го освои Светското првенство за да го заборави неуспехот во финалето на Еуро 2020

А1он

УЕФА го објави идеалниот тим на ЕВРО 2020

Жарко Настоски

Шкотски весник предлага Манчини да биде прогласен за почесен граѓанин на земјата

Ана Ололовска

Донарума за последниот пенал во финалето: Не славев затоа што не знаев дека победивме

Ана Ололовска

Секој италијански репрезентативец ќе добие по четврт милион евра за европската титула

Жарко Настоски

Саутгејт ќе размисли дали би прифатил нов договор

Жарко Настоски