Холандија и Данска во финалето на ЕУРО 2017 за жени

Од:

Фудбалските репрезентациите на Холандија и на Данска ќе играат во финалето на Европското првенство за жени што се одржува во Холандија. Досега овие две репрезентации немаат играно во финале на Европско првенство.

Холандија во полуфиналето ја победи Англија со 3:0, додека Данска беше подобра од Австрија по изведувањето на пеналите (3:0) откако дуелот заврши без голови 0:0.

Германија со осум титули е најуспешната селекција, а двапати европски првак била Норвешка и еднаш Шведска. Селекцијата на Данска досега во два наврати била третопласирана, а за Холандија ова беше второ полуфинале.

Финалниот натпревар ќе се одигра на 6.август во недела.

Би можело да ве интересира

ЖФК Љуботен Тетово и годинава со нови засилувања од Бразил

Ана Ололовска

Кадетките и младинките ги дознаа ривалите во фудбалската Лига на нации

А1он

Француска репрезентативка притворена за физички напад

А1он

Прв триумф на македонските фудбалерки во мундијалските квалификации

А1он

Женската фудбалска репрезентација У19 со победа ги почна евроквалификациите

А1он

Изов го објави списокот на фудбалерки за квалификациските натпревари со Летонија и Луксембург