Хоакин постави клупски рекорд на Бетис

Од:

Крилото на Бетис, Хоакин Санчес, постави нов клупски рекорд по бројот на одиграни првенствени натпревари во дресот на „зелено-белиот“ тим од Севилја.

Хоакин синоќа против Осасуна го одигра својот 308-ми меч за Бетис во првата шпанска лига, и со тоа го надмина Хулио Кардењоса, кој од 1974 до 1985 година играше за овој клуб и настапи на 307 средби.

Инаку, ако се сметаат сите мечеви кои Хоакин ги одиграл во шпанската Примера, бидејќи беше член и на Валенсија и на Малага, тој зад себе има 523 настапи, со што е петти на вечната листа, и му фалат 28 натпревари за да дојде до второто место.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска