Хјустон на победа од финалето на НБА

Од:

Хјустон Рокетс го совлада шампионот Голден Стејт со 98:94 и се приближи на чекор од НБА финалето. „Ракетите“ поведоа со 3-2 во меѓусебниот дуел.

Хјустон ја започна одлично средбата, а само добрата игра на Кевин Дурант не дозволи да дојде до сериозна предност за „ракетите“. Во втората четртина се разигра Стеф Кари и Голден Стејт стигна до израмнување (45:45).

Крис Пол го најде својот ритам во третиот дел и го поведе Хјустон, но благодарение на добриот шут на Дурант на крајот на четвртина Голден Стејт дури поведе – 72:71.

Десет секунди пред крајот, резултатот беше 94:93 за Голден Стејт. Кук не реализира од тројка, но Тревор Ариза го донесе Хјустон во водство. Резултатот беше оформен по две слободни фрлања, реализирани од Ерик Гордон (98:94).

Џејмс Харден заврши со рекордно негативна статистика – 0/11 од тројка, но сепак постигна 19 поени, Гордон беше најуспешен со 24. За „воините“ четири играчи реализираа над 10 – Дурант 29, Кари 22, но само 2/8 од три поени, Томпсон 23 и Грин 12.

Би можело да ве интересира

Грифин: Лос Анџелес е град на Лејкерси, а не на Клиперси

Ана Ололовска

Гордон го продолжи договорот со Рокетси

Ана Ололовска

Калдерон може да стави крај на својата кариера

Ана Ололовска

Хауард потпиша за Лејкерс

Ана Ололовска

Новата НБА сезона ќе почне на 22 октомври

А1он

Вокер го смени Ирвинг во Селтикс

Ана Ололовска