„Хет-трик“ на Обемејанг во победа на Борусија Дортмунд од 6-1

Од:

Пјер Емерик Обемејанг оствари „хет-трик“ во убедливата победа на Борусија Дортмунд против Борусија Менхенгладбах.

„Милионерите“ од Дортмунд пред своите симпатизери славеа над Менхенгладбах во меч од 6. коло на Бундеслигата, на кој 28-годишниот Французин беше стрелец на третиот, четвртиот и петиот гол.

Претходно, Максимилијан Филип два пати се запиша во листата на стрелците, а шестиот гол за Дотмунд беше дело на Јулијан Вигл.

За Босрусија ова беше петта победа сезонава со која стигна до 16 бодови, два повеќе од второ пласираниот Хофенхајм, односо три повеќе од шампионот Баерн Минхен, кој во ова коло одигра нерешено против Волфсбург 2-2.

Би можело да ве интересира

Непријатни вести за германскиот шампион пред мечот со Вердер