Херојот на Аргентина повторно со примитивен гест

Од:

Голманот на Аргентина Емилијано Мартинез го повтори потегот кој го шокираше светот во финалето на Светското првенство.

По добивањето на трофејот за најдобар голман на Светското првенство, Мартинез го стави на меѓуножјето и се сврте кон публиката имитирајќи фалус.

Недолго потоа изјави дека тоа е единственото нешто од Катар на кое не се гордее.

„Не требаше да го сторам тоа. Тоа е единственото нешто од Светското првенство на кое не се гордеам. Златната ракавица за најдобар голман, а Аргентина ја освои титулата“, рече Мартинез.

Сепак, само три месеци по Катар, Мартинез го повтори овој примитивен потег, а работите да бидат уште полоши, му се придружија соиграчите Пазела, Родригез, Руљи и Акуња пред 83.000 гледачи на Монументал.

Овој пат како модел на фалусот искористи реплика на трофејот на Светскиот куп, кој го доби секој играч на Аргентина на првенството во Катар.

А пред овој потег Мартинез се расплака за време на интонирањето на химната на Аргентина.