Ханделсблат: Спонзорите нервозно ја следат аферата околу Ѓоковиќ

Од:

Некои од главните спонзори на Новак Ѓоковиќ веќе се оградија од српскиот тенисер, додека други со нетрпение чекаат тој да ги објасни последните случувања околу Австралија Опен, пишува германскиот весник Ханделсблат.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесува Бета, весникот пишува дека Ѓоковиќ, според Форбс, во 2021 година заработил 38 милиони долари, а парите од турнирите, иако минатата година беше многу успешна за српскиот тенисер, изнесувале само една петтина од вкупната сума. Станува збор за околу осум милиони долари од играње, наспроти 30 милиони долари од спонзорски договори.

На импресивната листа на оние кои ги рекламираат своите производи со името и ликот на Новак Ѓоковиќ, меѓу другите се Lacoste, Asics, Peugeot, Raiffeisen International RBI и технолошката компанија Ultimat Kronos Group (UKG).

Наведувајќи дека неодамнешната афера за учеството на Ѓоковиќ на турнирот во Австралија, неговото депортирање и негативните наслови во медиумите влијаеле на неговиот углед, весникот прашал некои од главните спонзори за иднината на нивните договори со српскиот тенисер.

Австриски Рајфајзен Интернешнл била дистанциран. Портпаролката на австриската банка изјави за Ханделсблат дека се договориле за повеќегодишно партнерство со Новак Ѓоковиќ поради неговата популарност во Централна и Источна Европа.

– Таа одлука беше донесена многу пред сегашното известување за Ѓоковиќ и неговиот вакцинален статус, односно неговото учество на Австралија опен. Како спонзор на Новак Ѓоковиќ, критички гледаме на моменталната ситуација, рекла портпаролката.

Претставници на швајцарскиот производител на луксузни часовници Hublot изјавија за весникот дека ги следат последните случувања и оти сега, по враќањето на Ѓоковиќ во Србија, „го чекаат тој да се произнесе во јавноста“ за се.

Францускиот производител на автомобили Пежо (Peugeot) лаконски одговорил дека во моментов не сакаат да го коментираат партнерството со Ѓоковиќ, а на прашањето на Ханделсблат не реагираше и производителот на спортска опрема Head, чиј рекет го користи Ѓоковиќ и за тоа, според медиумите, годишно добива 10 милиони долари.

На слична сума наводно гласи и договорот на Ѓоковиќ со францускиот производител на облека Лакоста. Договорот е потпишан во 2017 година и истекува оваа година. Французите не реагираа ниту на прашањето дали ќе ја продолжат соработката со Ѓоковиќ, пишува германскиот весник.

Ханделсблат пишува дека, како што сега стојат работите, доколку Ѓоковиќ остане невакциниран, нема да може да учествува на вториот голем турнир годинава, Отвореното првенство на Франција кон средината на мај. Ова, како и тоа што може да се случи да не може да влезе во Австралија во следните три години, може да влијае и на договорите со спонзорите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ: Ќе се откажам од трофеите, но нема да се вакцинирам

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ѓоковиќ се сретна со Вучиќ – за 10 дена ќе каже што се случуваше во Австралија

Вучиќ ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ

А1он

Ѓоковиќ му честиташе на Надал

Ѓоковиќ ќе може да игра на Ролан Гарос без вакцина

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ѓоковиќ се насмеа до солзи на виц за Надал и Федерер

Ана Ололовска