Хамилтон за трансферот на Ботас во Алфа Ромео: Неизмерно сум горд што пет години возев во ист тим со Валтери

Од:

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон му даде поддршка на Валтери Ботас, заблагодарувајќи се за заедничките настапи во германскиот тим.

Ботас денеска објави дека го напушта Мерцедес и ќе вози за Алфа Ромео почнувајќи од следната сезона.

Неизмерно сум горд што возев во ист тим со Валтери Ботас во изминатите пет години. Заедно бевме дел од тим кој освои четири титули за конструктори – и се мотивиравме еден со друг да продолжиме да напаѓаме и да одиме напред, минувајќи низ подеми и падови. Благодарам, ВБ! Да завршиме што е можно посилно! – напиша Хамилтон на Твитер.
Се очекува Џорџ Расел да го замени Ботас во Мерцедес.

Би можело да ве интересира

Хамилтон: Нема да е трагедија ако сезоната ја завршам без победа

Луис Хамилтон стана ко-сопственик на трикратниот НФЛ шампион, Денвер бронкос

Шарл Леклер ќе стартува од пол-позицијата во Франција

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он

ГН на Катар: Пол-позицијата за Хамилтон

Ботас: Ако не можам да станам шампион, тогаш би сакал Хамилтон да ја освои титулата

Ана Ололовска