Хамилтон за смртта на Коби: Загубивме еден од најголемите спортисти во историјата

Од:

Поранешните и сегашни пилоти во Формула 1 изразија сочувство за смртта на легендарниот кошаркар Коби Брајант. Хамилтон го нарече Брајант еден од најголемите спортисти во историјата.

Луис Хамилтон: Со тага дознав дека изгубивме еден од најголемите спортисти во историјата. Личност која беше инспирација за толку многу луѓе – вклучително и мене. Длабоко ми е жал за неговото семејство и од сите луѓе за кои тој беше пример. Нека Коби и неговата ќерка да почиваат во мир.

Џенсон Батон: Почивај во мир, Коби. Ти беше еден од најдобрите спортисти кои некогаш живееле на Земјата. Моето сочувство до неговото семејство и сите чии најблиски загинаа во оваа ужасна несреќа.

Ландо Норис: Почивај во мир. Моето сочувство до семејството на Коби и роднините на загинатите во оваа несреќа.

Фелипе Маса: Навистина тажен ден за спортот. Бог да ги благослови вашите семејства и пријатели.

Серхио Перез: Почивај во мир, легенда!

Многу други екипи и тркачи од Формула 1 исто така изразија сочувство.

Би можело да ве интересира

Хамилтон договори со Мерцедес годишна плата од 64 милиони долари

Хамилтон: Нема да е трагедија ако сезоната ја завршам без победа

Хамилтон: Болидот како да не сака да биде подобар

А1он

Тото Волф лут, Хамилтон и Расел шокирани од лошите перформансите на Мерцедес

А1он

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Макс Верстапен и Луис Хамилтон викендов се борат за историја

Ана Ололовска