Хамилтон победи на трката за Големата награда на Бразил

Од:

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на трката одржана вечерва во Сао Паоло за Големата награда на Бразил.

Британецот претходно беше казнет со пет бода поради промена на моторот, а потоа беше исклучен и од квалификацискиот протокол поради прекршување на правилата. И покрај тоа што стартуваше од 10. позиција, на крајот успеа прв да мине низ целта.

Втор на крајот беше Макс Верстапен, додека место на победничкиот подиум обезбеди и Валтери Ботас од Мерцедес освојувајќи го третото место.

Бодови освоија уште (4 – 10. место): Серхио Перез (Ред Бул), Шарл Леклер (Ферари), Карлос Саинц (Ферари), Пјер Гасли (Алфа Таури), Естебан Окон (Алпин), Фернандо Алонсо, (Алпин), Ландо Норис (Мекларен).

По оваа победа, Хамилтон му се доближи на лидерот во Генералниот пласман, Верстапен на само 14 бода на три трки до крајот на шампионатот во Формула 1 за 2021 година.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

Ферстапен далеку пред конкурентите според заработката за минатата Ф1 сезона