Хамилтон победи на квалификациите за ГН на Турција, пол-позицијата за Ботас

Од:

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон беше најбрз на денешните квалификациите за Формула 1 трката во Истанбул.

Британецот постави нов рекорд на патеката со резултат 1,22,868 минута. Сепак на утрешната трка за Големата награда на Турција, Хамилтон ќе стартува од 11. позиција поради казна за делумна промена на моторот.

Клупскиот колега на Британецот, Валтери Ботас, го освои второто место во квалификациите (+0,130 секунди заостанување) и ја доби пол-позицијата, додека трет беше Макс Верстапен од Ред Бул (+0.328) кој ќе стартува од втората позиција.

Од 3. до 10. место ќе тргнат: Шарл Леклер, Пјер Гасли, Фернандо Алонсо, Серхио Перез, Ландо Норис, Ленс Строл, Јуки Цунода и Себастијан Фетел.

Трката за турското Гран при ќе се вози утре со почеток во 14 часот.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

Ферстапен далеку пред конкурентите според заработката за минатата Ф1 сезона