Хамилтон немал добро мислење за Лауда

Од:

Луис Хамилтон откри дека на почеток немал добро мислење за Ники Лауда. Пред трикратниот светски шампион да му помогне на Британецот да премине од Мекларен во Мерцедес, тој бил многу критичен кон неговите настапи. Така на пример Лауда имаше остри коментари околу несреќата меѓу Луис и Фелипе Маса за време на Гран при на Монако во 2011 година.

Во тоа време Австриецот изјави: „Хамилтон ги помина сите граници. Ако ФИА не го казни, очигледно јас повеќе не го разбирам овој свет. Во еден момент едноставно треба да се стави крај на сите глупости. Не може да се пилотира така – на крајот некој може да загине“.

Овие зборови се запечатуваат силно во меморијата на Хамилтон и тоа му пречи да комуницира нормално со Ники Лауда, кога првпат се сретнал со него за време на преговорите за пристапување во Мерцедес.

Лауда, сепак, прв го скршил мразот, велејќи: „Ти си тркач, исто како мене!“ Оттогаш, нивната врска постојано се подобрува.

– Го сакам Ники, ми недостасува, се надевам дека тој ќе се врати што е можно побрзо. Но на почетокот немав добро мислење за него. Минатата недела тој ми се јави, одлично беше да се слушне повторно неговиот глас. Беше многу среќен што операцијата му поминала успешно, се шегуваше и беше во добро расположение, изјави Хамилтон.

Лауда се опоравува од трансплантација на бели дробови, а од крајот на минатиот месец веќе е на домашно лекување.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

Хамилтон договори со Мерцедес годишна плата од 64 милиони долари

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин