Хамилтон ја освои Големата награда на Франција

Од:

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на денешната трка од Формула 1 шампионатот возена на „Пол Рикар“ за Големата награда на Франција со време 1 час, 31 минута, 24 секунди.

За Британецот ова беше трет триумф во низа, шести оваа сезона и 79 во кариерата.

Триумфот на Мерцедес го момплетира Валтери Ботас кој заврши на втората позиција со 18 секунди заостанување зад победникот.

Место на подиумот избори и Шарл Леклер од Ферари кој предвидените 53 круга ги мина со 19 секунди послабо време од Хамилтон и нецела секунда зад второпласираниот Ботас.

Меѓу првите десет се пласираа уште и: Верстапен -4 место, Фетел -5 место, Сајнц -6 место, Рикардо -7 место, Раиконен -8 место, Хулкенберг -9 место и Норис -10 место.

Во Генералниот поредок Хамилтон е убедливо прв со 187 бода, Ботас има 151, Себастијан Фетел 111, Макс Верстапен 100, Шарл Леклер 87,…
Следната трка ќе се вози следната недела во Австрија.

Би можело да ве интересира

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска

Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Ана Ололовска

Нико Розберг бара промени во Формула 1

А1он