Хамилтон е победник на германското Гран-при

Од:

Британецот Луис Хамилтон е победник на 12-та трка во Формула 1 шампионатот возена за Големата награда на Германија.

Возачот на Мерцедес прв ја мина целната рамнина на патеката во Хокенхајм, остварувајќи ја шестата победа сезонава, четврта во низа.

Лошиот старт на неговиот клупски колега Нико Розберг, кој ја имаше пол-позицијата, покрај Британецот ја искористија и возачите на Ред Бул, Даниел Рикардо и Макс Верстапен, кои го пополнија пиедесталот заедно со Хамилтон.

Германецот Розберг заврши како четвртопласиран, а зад него трката ја завршија возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен.

Во генералниот пласман сега Хамилтон има вкупно 217 бодови, односно 19 повеќе од Нико Розберг. По нив следуваат Даниел Рикардо (Ред Бул) 133, Кими Раиконен (Ферари) 122, Себастијан Фетел 120 (Ферари) и Макс Верстапен (Ред Бул) 110.

Следната 13-та трка ќе се вози во на патеката Спа-Франкошамп за Големата награда на Белгија, на 28 август.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

Хамилтон договори со Мерцедес годишна плата од 64 милиони долари

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин