Најдобрата светска тенисерка Симона Халеп го откажа настапот на ВТА турнирот во Њу Хевен, САД.
Нејзиното место ќе го заземе Белинда Бенчиќ како „среќен лузер“.
Халеп се повлече од турнирот поради повреда на тетивата.
Бенчиќ добивајќи го местото на Романката, директно се пласира во осминафиналето.