Хакими повторно позитивен на коронавирус

Од:

Новото засилување на францускиот фудбалски гигант ПСЖ, Мароканецот Ашраф Хакими, е позитивен на коронавирус, објавија денеска француските медиуми.

Хакими беше позитивен на Ковид-19 и во октомври минатата година поради што го пропушти натпреварот меѓу Интер и Борусија Менхенгладбах во Лигата на шампиони, но на тестирањето следниот ден беше негативен на вирусот.

Мароканскиот репрезентативец ова лето премина од Интер во ПСЖ за 60 милиони евра.

Парискиот весник Л”Екип објави дека позитивен на Ковид-19 во редовите на ПСЖ е и 18-годишниот фудбалер од средниот ред Едуард Мичути. И двајцата фудбалери на клубот од Париз се во самоизолација.

Би можело да ве интересира

Пристигна пред само два месеци и не сака повеќе да игра за ПСЖ

Мбапе се врати во првиот тим на ПСЖ

Рокот што ПСЖ му го даде на Мбапе истекува денеска

Предраг Петровиќ

Сензација на повидок: Мбапе во Ливерпул

Предраг Петровиќ

ПСЖ го исфрли Мбапе од тимот и порача: „Килијан е на продажба“

Предраг Петровиќ

ПСЖ го направи првиот чекор за да го доведе Влаховиќ

Предраг Петровиќ