Гвардиола во Баерн до 2016 година

Од:

Баерн Минхен го ангажирал поранешниот тренер на Барселона, 41-годишниот Жозеп Гвардиола кој треба да седне на клупата на баварците ова лето откако ќе истече договорот на сегашниот тренер, 67-годишниот Јуп Хајнкес.

Од Баерн Минхен објавија дека со Пеп Гвардиола договориле соработка до летото 2016 година.

„Извонредно сме задоволни што успеавме да убедиме стручњак каков што е Гвардиола, кого го посакуваа многу клубови, да дојде во Баерн. Станува збор за еден од најдобрите тренери на светот и убедени сме дека ќе донесе голем поттик не само за Барн, туку и за целиот германски фудбал”, изјави претседателот на клубот Карл-Хајнц Румениге.

Можеби претставува изненадување, но Баерн во трката по Гвардиола успеа да ги победи богатите и расположени за големи трошења клубови како Челзи, Манчестер Сити и Пари Сен Жермен, кои исто така сакаа да го ангажираат шпанскиот тренер.

Гвардиола ја предводеше Барселона, за којашто порано настапуваше и како играч, четири години, од летото 2008 до летото 2012 година. Во тој период освои дури 14 трофеи, меѓу кои се две шампионски титули во Лигата на шампионите (2009, 2011) и три наслови првак на Шпанија (2009,2010, 2011), со што стана најтрофејниот тренер во историјата на Барселона.

По завршувањето на минатата сезона Гвардиола одлучи да земе едногодишен одмор а за враќање на фудбалската сцена го избра минхенски Баерн.

Хајнкес објави дека по завршувањето на оваа сезона се повлекува од местото тренер на Баерн, каде што е од летото 2011 година. Минатата сезона го освои второто место ви германското првенство, и загуби во финалето на Лигата на шампионите и во германскиот куп. По одиграниот прв дел од новото првенство во Германија, Баерн е прв на табелата со девет бодови предност пред второпласираниот Баер од Леверкузен.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска